Кавани го спаси ПСЖ од пораз кај Олимпик Марсеј

од desk2
70 прегледи

Со голот на Едисон Кавани во третата минута од судиското дополнение екипата на Париз Сен Жермен се спаси од пораз на гостувањето во Марсеј кај Олимпик.

Натпреварот кој се играше на „Велодром“ а со кој беше комплетирано 10.коло во француската Лига 1, меѓу Олимпик и ПСЖ заврши без победник 2:2.

Домашините во два наврати имаа предност и тоа во 16.минута со голот на Луиз Густаво, по што Нејмар (33.минута) израмни на 1:1, како и во 78.минута кога Флориан Товен повторно му донесе предност на домашниот тим со 2:1.

Откако гостите останаа со играч помалку односно Нејмар во 87.минута го заработи вториот жолт картон, домаќините почнаа да се радуваат на победа. Но, така не мислеше Уругваецот, Кавани, кој со прекрасен гол од слободен удар во третата минута од судиското дополнение (90+3), го израмни резултатот и ги постави конечните 2:2.

ПСЖ остана на првото место на табелата сега со 26 бодови, четири повеќе од Монако, односо шест од трето рангираниот Нант. Екипата на Олимпик Марсеј е на 5.место со 18 бодови, еден помалку од Олимпик Лион кој со 5-0 на гостински терен славеше против Троа.