Восочна фигура на претседателот на САД, Доналд Трамп претставена е на јавноста во Берлин.

Фигурата на Трамп е поставена во музејот „Мадам Тисо“ во Берлин на 17 октомври, а на правењето на ликот на американскиот претседател во негова природна големина учествуваа 16 луѓе.
Неговата статуа е поставена веднаш до статуата на поранешниот претстедател на САД, Барак Обама.
Пред поставувањето во музеј, статуата ги помина познатите знаменитости во Берлин пред кои е фотографирана.
Неговиот надворешен изглед се пантолони со висок појас, сако во темно сина боја и специфичната бујна фризура. Трамп има палец погиднат на горе.