Ѝ пријде на непозната жена и ја турна на шините (ВИДЕО)

од desk2
102 прегледи

Еден маж од Хонг Конг ја турнал непознатата жена на станицата на подземната железница, а снимката е објавена на социјалните мрежи.

Безбедносните камери го снимиле човекот кој мирно се приближува до чистачката и ја турка на шините.

За среќа, во тој миг немало воз што минувал низ станицата.

Повредената жена била однесена во болница и е задржана на лекување поради повреда на главата.

Полицијата вели дека човекот е уапсен и го истражуваат мотивот на нападот.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=l6CtrfVGWLk