Џорџ Клуни и Мет Дејмон знаеле за однесувањето на Вајнштајн и ништо не кажале

од desk2
168 прегледи

Холивудските актерски ѕвезди Џорџ Клуни и Мет Дејмон признаа во интервју за телевизијата ABC дека знаеле дека продуцентот Харви Вајнштајн сексуално вознемирува жени.

Мет Дејмон рече дека неговиот добар колега и пријател Бен Афлек му рекол оти Вајнштајн ја вознемирувал актерката Гвинет Полтроу, а Клуни откри дека продуцентот сам се фалел за своите освојувања.

Иако двајцата знаеле за тоа, до сега не откриле ништо.

За Вајнштајн биле свесни и водечки политичари во САД, но никој не презел ништо. Линда Блудворт Томпсон, соработничка на поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, тврди дека предупредувала клучни луѓе во Демократската партија за загрижувачкото однесување на либералниот холивудски продуцент Харви Вајнштајн.

Од друга страна пак актерката Жилиет Бинош вели дека никогаш не се почувствувала загрозена во близина на продуцентот.

Таа со него работела на повеќе филмови, меѓу кои и „Англискиот пациент“ за кој добија Оскар. Сепак, вели дека првиот пат кога дофрлил нешто безобразно, таа строго му вратила. Исто така, само еднаш ја поканил на ручек во четири очи, но и тогаш му дала до знаење дека не е заинтересирана за него.

Смета, дека многу нејзини колешки не знаат како да се однесуваат со луѓе кои имаат моќ и влијание и потпаѓаат на нивните барања.

 

https://www.facebook.com/ABCNews/videos/10155096566662061/