Инспиративна животна приказна поврзана со фудбалот доаѓа од Романија. Козмин Ламбру, фудбалер што има вештачка рака, го исполни својот сон и дебитира за првиот тим на Петролул.

Кога имал осум години, Ламбру доживеал тешка сообраќајна несреќа. Го удрил камион поради што морало да му биде ампутирана левата рака и му била вградена протеза, која е видливо потенка од неговата десна рака.
Храбриот Козмин не дозволил хендикепот да му го уништи животниот сон. Десет години подоцна тој дебитира за прволигашот Петролул од Плоешти на куп-натпреварот против Миовени.
Ламбру во игра влегол во 100. минута од натпреварот, кој по продолженијата завршил со резултат 1:1./Макфакс
https://www.youtube.com/watch?v=69dUmORxT1U