
Претставниците на албанската златна младина на своите профили, на социјалните мрежи, пред целиот свет се фалат со своите богатства. Големо количество пари, скапи подароци, брзи автомобили – сите овие атрибути се карактеристика на прекрасниот живот, кои го прикажуваат на поставените фотографии.
Направените слики ја покажуваат и другата страна од богатството, во задина се гледа сиромаштијата на земјата и обичните луѓе. Ова е очигледно дури и во најголемиот албански град – Тирана.

Албанија е една од најсиромашните земји во Јужна Европа, а во рејтингот на земјите со БДП таа влегува во 50-те најсиромашни земји во светот. Лошата состојба во земјата, сепак не влијае врз врз животот и едукацијата на златната младина.

Пред камерата, претставниците на локалната елита се натпреваруваат со богатите во многу земји. Тие објавуваат фотографии и видеа на нивните авантури доживеани на различни страни на планетата: Рим, Лондон, Њујорк. Во споредба со нив нашите познати личности не изгледаат толку сјајни.

Да, златната младина на Албанија, исто така, сака да се натпреварува на патиштата.
Си играат со пари и ги фрлаат на тротоарот. И,… тоа е тротоар во Албанија.

Колку е кул да се вози момче во скап автомобил, криејќи се од дожд со чадор.

Сепак, тешко е да се биде златна младина на најсиромашната земја во Европа. Колку овие скапи автомобили чинат, ако во задината се прикажани овие згради на кои се суши облеката на обичниот народ.

Графитите во заднина и „кралот на патиштата„.

Понекогаш златната младост, кога е гладна, мора да јаде со обичните луѓе. Тежок живот!

Тој уште не одлучил што да вози. Сепак низ улиците на главниот албански град можеби со магаре може да се стигне некаде побрзо.

Скапи автомобил паркиран во голема локва вода.

Богатите луѓе пристигнуваат во Тирана од други земји. Судејќи според сликата, овој, се соочи со т.н. „добри“ патишта, затоа избра посоодветен транспорт.
