Често сонуваме да се разбудиме и некако магично на својата банкарска сметка да имаме неколку милиони долари.

Токму од таков сон се разбудила австралијанката Клер Вејнрајт од Сиднеј, која не можела да си поверува кога видела на својата банкарска сметка дека банката ја “почастила” 25 милиони долари.
Клер откако се опоравила од шокот, не сакала да ги подигне парите, туку веднаш пријавила во банката дека направена е некаква грешка. Но, и покрај тоа што пријавила пред 2 дена, парите сеуште стојат на нејзината сметка.

Да избегам од земјата? – напишала девојката на смеа, која е инаку адвокат по професија, свесна за последиците доколку почне да ги троши парите.
Иако не потрошила ниту цент од износот, банката повторно направила грешка. Од вкупно 25 милиони колку што и префрлиле по грешка, банката повлекла само 500.000 долари, колку што изнесувал вкупниот долг на Клер по основ на хипотека.
Што би направиле Вие доколку еден ден се разбудите и на Вашата сметка имате сличен износ како Клер?/Bankarstvo