
Клишето, речиси е старо колку и самата автомобилска индустрија. Тајно снимената видео студија спроведена низ паркинзите на Велика Британија, сепак покажа дека ова клише можеа да се побие.
Видеото покажува дека на жените им е потребно повеќе време да паркираат. Но, тие сепак го прават тоа прецизно и почесто успеваат да запрат онаму каде што треба – во средината на означеното место.
Истражувањето, направено од паркинг компанијата NCP, е едно од најголемите некогаш спроведени за разликите меѓу половите при возењето и паркирање на возила. Забележани се 2.500 возачи низ 700 паркинзи во рок од еден месец.
О него станува јасно дека жените се подобри во откривањето на места за паркирање и се попрецизни во израмнувањето на возилото, пред да го започнат маневрирањето, како и тоа дека постои поголема веројатност да ги следат инструкциите на претпочитаниот инструктор и методот за паркирање – популарно наречен рикверц.
Кога станува збор за паркирање на преден потег без никакви задни маневри,
мажите се поискусни. Во целина тие се повеќе самоуверени. Сепак, малкумина имаат тенденција да го наместат автомобилот на вистинската позиција, односно штом веќе се паркирани. На крајот жените добиваат 13,4 поени од вкупно 20, додека мажите – 12,3.