(ВИДЕО) Научниците можат да создадат нов универзум – вселена во лабораторија!?

од desk4
87 прегледи

Не се случува често физичари да бидат искарани за ризичниот став или теорија, која често оди заедно со смислата за хумор што е карактеристична за академските статии кои се објавуваат, но во 1991 година токму тоа се случува со научникот – космолог Андреј Линда од Универзитетот Стенфорд.

Тој во списанието Nuclear Physics B, објави напис под наслов „Тешка уметност за создавање на универзумот“. Во неа тој ја нагласува можноста за создавање на универзум во лабораториски услови: односно целосно нова вселена која може некој ден да развие сопствен ѕвезден систем со планети и интелигентен живот.

На крајот на статијата Линда прави (макар и со извинувачки тон) претпоставката дека нашиот универзум може да бил „собран“ од вонземјанин „физичар хакер“.

Рецензентите на статијата се противат на оваа „валкана шега“, а религиозните претставници се навредуваат од тоа што науката се обидува да си го припише Создавањето и да го одземе тоа од рацете на Бог.

Тогаш Линда го менува насловот на статијата, но продолжува да се придржува на линијата дека универзумот може да е создаден од вонземски научник. „Не сум толку сигурен дека тоа е шега“, вели тој.

Четвртина век подоцна идејата за создавање на универзумот или „космогенезис“ изгледа помалку комична од кога и да било.

„Јас сум патувал низ целиот свет и сум разговарал со физичари кои го прифаќаат овој концепт целосно сериозно и кои дури нафрлаат груб цртеж за тоа како еден ден човештвото тоа може да го постигне„.

Рецензентите на Линда може со право да се загрижени, но си поставувале погрешни прашања. Прашањето не е кој може да се навреди од идејата за космогенезис, туку што би се случило ако тоа е навистина еможно.

Како ќе се справиме со теолошките компликации? Каде ќе е моралната одговорност, ако грешните луѓе влезат во улогата на вселенски творци?

Теоретски физичари со години се занимаваат со слични прашања како дел од нивните размислувања за тоа како нашиот универзум е започнат.

Во 80-тите години космологот Алекс Виленкин од Универзитетот Тафтс во Масачусетс нуди хипотеза за механизмот во кој законите на квантната механика би можеле да генерираат и создадат универзум – состојба во која нема време, нема простор и нема материја.

Има утврден принцип во квантната теорија дека парови честички, од празен простор можат спонтано да направат pop-up .

Виленкин ја развива оваа идеја чекор напред, тврдејќи дека квантните правила би дозволиле и мал просторен меур кој ќе се појави од никаде и овој импулс може да доведе до надување кое е до астрономски размери.

Нашиот космос може да е бил „внесен во битието“ само од законите на физиката. За Виленкин овој резултат става крај на прашањето што имало пред Биг Бенг: ништо. Многу космолози постигнале мир со идејата за универзум без активирање, без основен причинител, божествен или друг.

На другиот крај од филозофскиот спектар се сретнуваме со Дон Пејџ, физичар и христијанин евангелист од Универзитетот Алберта во Канада, познат по заедничката работа со Стивен Хокинг по природата на црните дупки.

За Пејџ главната точка е дека Бог го создал универзумот ex nihilo – од апсолутно ништо. Она што од друга страна, Линда го замислил како космогенезис , физичарот претпоставува дека се „подготвуваат“ за космос во лабораторија, но притоа користејќи многу помоќен братучед на големиот хадронски колајдер, кој сега постои крај Женева.

Се претпоставува дека при присуство на „семе“ честичка наречена „монопол“ (за чие постоење при  некои физички модели има хипотеза , но се уште не е откриена), идејата е дека ако можеме да дадеме доволно енергија кон честичката – монопол, тој (универзумоит) ќе почне да се создава.

Но, наместо да расте како големина внатре во нашиот универзум, растечкиот монопол ќе го задржи времето-просторот внатре во акселераторот и ќе создаде тунел црна дупка која води до посебен регион на просторот.

Од нашата лабораторија ние ќе можеме да го видиме само влезот на црната дупка, портал кој води до брзо проширувањето на создаденото бебето – новата вселена која сме ја создале. (Видеото го илустрира овој процес  и дава некои детали).


Немаме причина да веруваме дека дури и најпознатите напредни хакери во физиката би можеле да создадат космос од никаде, вели Пејџ.

Концептот на Линде за космогенеза, колку и да е храбар, сè уште фундаментално технолошки не е остварлив.

Затоа Пејџ не гледа закана за неговата вера. Во оваа прва фаза,космогенезата не треба да ги вознемирува постојните теолошки ставови.

Жонглирање со проблемот, почнува да создава прашања: Кои би биле последиците за луѓето дури и од самото разгледување на идејата ако еден ден создадеме вселена која може да се насели со интелигентен живот?

Ако дискутираме за книгата „Голема експлозијата во мала соба“ (A Big Bang in a Little Room 2017) оваа теорија сугерира дека еднаш создадена нова вселена, ќе имаме многу мали можности да ја контролираме нејзината еволуција или потенцијалното страдање на кои и да било од нејзините жители.

Зарем тоа нема да не претвори во неодговорни и несовесни божества? Ова прашање е на Едуардо Гуенделман, физичар од Универзитетот Бен Гурион во Израел, кој е еден од архитектите на моделот за космогенезата од 80-тите години.

Сега Гуенделман продолжува да се занимава со истражувања кои се поврзани со создавањето на бебе-вселена.

„Бев изненаден што моралните проблеми не ми предизвикаа непријатност„.

Гуенделман гледа на научниците врз основа на тоа како расудуваат и врз одговорноста, односно како на родители кои се прашуваат дали  имаат деца, знаејќи дека ќе ги донираат со живот, полн со радост, но исто така и со болка. Сепак, други физичари се повеќе се вознемирени.

Нобојуки Јаки од Универзитетот Јамагучи во Јапонија, еден од теоретичари кои укажуваат дека монополот може да послужи како „сончоглед“ за бебе-универзум, вели дека космогенезата е „трнливо прашање“, за кое како општество треба да се загрижиме во иднина.

Сепак, денес се е ослободено од сите етички причини. Иако се работи за пресметките кои би дозволиле космогенезис, се нагласува дека ќе поминат децении додека сличен експеримент не стане можен. Етичките проблеми може да почекаат. Многу од физичарите со кои е разговарано на оваа тема, не сакале да се впуштаат во такви филозофски рефлексии.

Затоа филозофот – Андреас Сандберг од Универзитетот Оксфорд, кој работи врз моралните компликации од создавањето на вештачки свесен живот со помош на компјутерски симулации вели дека ширењето на интелигентниот живот, независно од неговата форма, може да се прифати како нешто што има вродена вредност.

Во овој случај, космогенезата може да биде морална обврска. Со гледање наназад кон бројните разговори кои се направени со научници и филозофи на оваа тема е дојдено до заклучок дека уредниците на Nuclear Physics B направиле лоша теза за ова прашање, како од аспект на физиката, така и на теологијата.

Нивниот мал чин на цензура служи само за да се избегне важна дискусија. Вистинската опасност е во создавањето на непријателство меѓу двете страни, кој ги спречува научниците да зборуваат искрено за етичките и верските последици од нивната работа без да стравуваат од професионална репресија или потсмев.

Нема да создадеме наскоро бебе-универзум, но научниците од сите сфери на истражување треба да се чувствуваат слободни да зборуваат за компликациите кои можат да произлезат од нивната работа, без да се загрижени дека некој може да влијае. Космогенезата е екстремен пример кој го тестира принципот на животот и човековиот морал како цивилизација.

Паралелни етички прашања се поставени во повеќе дискусии околу создавањето на вештачка интелигенција или развој на нови видови на оружје. Научниците се оддалечуваат од филозофијата и тоа е разбирливо затоа што се плашат да излегуваат надвор од нивната удобна зона, но несакани резултати се можни и затоа многу молчат за работите кои навистина имаат значење.

Извор: ЗЕЕЯ Мера (Zeeya Merali), слободен новинар за научни теми, автор на статии објавени во Scientific American, Nature, New Scientist и Discover. Оваа статија првично беше објавена во AEON, Megagelena