Кевин Спејси откри дека е геј

од desk2
184 прегледи

Популарниот холивудски актер Кевин Спејси се огласи откако беше обвинет дека се обидел да заведе 14-годишно момче.

Актерот Кевин Спејси вели дека „сакал мажи и имал романтични средби со нив“ и дека сега „бира да живее како геј маж“.

Тој одлучи за својата сексуална ориентација да проговори откако беше обвинет дека се обидел да заведе 14-годишник.

Антони Реп, ѕвезда на филмот „Star Trek: Discovery“ во неделата твитуваше дека Спејси го зел во прегратка и го спуштил во кревет, кога имал само 14 години.

„Длабоко го почитувам Ентони Реп како актер. Ужаснат сум што ја слушам оваа приказна“, вели Спејси.

„Искрено, не се сеќавам на таа средба… Ако и сум се однесувал како што опишал тој, му должам најискрено извинување, за она што можам да го објаснам само дека сум бил пијан.

Актерот вели дека ситуацијата го охрабрила да проговори и за други работи во неговиот живот.

„Како што знаат моите најблиски, имав врски и со мажи и со жени. Сакав и имав романтични врски со мажи во текот на целиот живот и сега бирам да живеам како геј маж.

Реп, кој сега има 46 години, го обвини Спејси дека сакал да го заведе на една журка во 1986 година.

„Ме подигна како младоженец што крева невеста. Но, јас во почетокот не се бунев и бев збунет. А потоа легна врз мене“, вели Реп за Buzzfeed. „Се обиде да ме заведе. Не знам дали тоа можам така да го наречам, но свесен сум дека сакаше да ме заведе во сексуална смисла“.

Реп вели дека никогаш не го пријавил Спејси, а скандалот со продуцентот Харви Вајнштајн го охрабрил.