Од алкохол, свртија на пијалоци со канабис

од desk2
87 прегледи

Компанијата Constellation Brands, во чија сопственост се брендовите Corona, Modelo и Sveddka, подготвена е да инвестира речиси 200 милиони долари во производство на пијалоци што содржат канабис.


Директорот на компанијата Роб Сандс рече дека оваа идеја не е никакво изненадување. Канабисот стана легален во повеќе американски земји, а големите компании тоа сакаат да го наплатат.

„Успехот на нашата компанија е резултат на тоа што се фокусираме на препознатливи нови потрошувачки трендови во нивата рана фаза, а овој план е чекор во тој правец“, изјави Сандс.

Тој предвидува дека марихуаната наскоро ќе биде легална ширум САД.
Дотогаш, компанијата Constellation Brands планира своите пијалоци да ги продава во Канада, каде легалните производи кои содржат канабис ќе бидат достапни до 2019 година.

Консумацијата на алкохол опаѓа, така што ова е нов начин за слични компании да го продолжат својот бизнис.

Во меѓувреме, бројот на корисници на канабис на возраст од 18 и 25 години се зголемува. Во минатите неколку години забележано е зголемен број корисници на канабис за 4,6 отсто, додека консумацијата на алкохол падна за 22 отсто.