Познатите личности во светот ја искористија Ноќта на вештерките за да станат некој друг. Инспирација не фалеше, а славните оваа година, освен вештерки, костури и ликови од филмови, се преправија и во други познати личности.

Холивудскиот актер Брус Вилис со својот пријател се појави на една забава преправен во девојчето од култниот филм „The Shining“ на режисерот Стенли Кјубрик.
Популарната пејачка Рита Ора на една вечер стана Отровната Ајви од Бетмен, а канадскиот премиер Џастин Трудо синоќа беше Супермен.
Хајди Клум беше вукодлак, а манекенката Емили Ратајковски одлучи да стане Клеопатра.
Џеј-Зи и неговата сопруга Бијонсе одлучија да се облечат како хип-хо двојката Бигл Смалс и Лил Ким.
Ким Кардашијан Вест беше R&B пејачката Алаја, а легендарната пејачка и актерка бети Мидлер на една забава се појави како Марија Антоанета.
Амал Клуни, адвокатка и сопруга на Џорџ Клуни, се преправи во диско кралица.
Погледнете ја галеријата.