Египетскиот адвокат Навих ал-Ваш предизвика бес во египетската, но и светската јавност кога во една емисија рече дека дел од националната должност е да се силуваат девојки кои имаат искинати фармерки.

Тој смета дека неговиот став е уште повалиден ако се работи за фармерки искинати на задната страна, а не на предната.
„Девојките мода да се почитуваат себеси, но и другите. Заштитата на моралот е поважна од заштитата на границите“, рече тој.
Во емисијата гостуваа и неколку жени кои се обиделе да се спротивстават на неговите зборови.
Директорката на Националниот совет за човекови права, Маја Мурси, вели дека неговите коментари биле скандалозен повик на силување и дека претставуваат се што е во спротивност со Уставот.
Советот поднесе тужба пред Врховниот суд за медиумска регулатива.