
Гери Паркер е роден во Вилмингтон, Делавер. Во 70-тите тој се преселил во Лос Анџелес, каде што почнува да продава недвижен имот. Паркер таму живеел речиси 25 години, а со различен успех пишувал и сценарија.
Во следните 22 години Американецот е член на еснафот на писателите на САД, но неговата вистинска страст и сон секогаш биле мистериите од антиката, особено пирамидите и Сфингата од Гиза. Во 2012 година Паркер со интерес ги разгледува сателитски снимки на НАСА, каде што се прикажани легендарните египетски споменици и неочекувано доаѓа до големо откритие.
Тој забележува огромни чудни писма на земјата, кои се во близина на Кеопсовата пирамида. За негово огромно чудење на платото на Гиза имало уште неколку такви мистериозни натписи. На истражувачот му требало малку време за да сфати дека тие се напишани на древен еврејски јазик и се од првиот милениум п.н.е.

„Кој сум јас? Создателот на сите нешта“, вели една од отворените пораки; „Јас сум бог и господар на подземјето “, пак гласи другата. Третата, пак, предупредува: “ Очекувајте го мое следно пристигнување“.
Гери долго време размислува за пронајдокот и доаѓа до заклучок дека овие натписи во близина на древните споменици се оставени од претставници на вонземска цивилизација, кои ја посетиле планетата. Странците според ентузијастот не само што ги изградиле пирамидите, но и на луѓето им го дале еврејскиот јазик.

Гери имаше некои сомнежи во неговата теорија, но тие целосно паднаа на 26 јули 2016 година, кога еден од странците контактирал со него. Американецот вели дека се будел ноќе со чудно чувство, неговото тело пропаѓало и не бил предмет врз кого влијае гравитација. Според Гери тој се нашол на непознато место чија големина, боја и светлина не се сеќава.

Паркер се сеќава само на присуството на суштество кое со него комуницирало преку телепатија. Тоа му рекло дека расата периодично ја посетува нашата планета и за време на едно од овие посети навистина се случила изградбата на египетските пирамиди. Следната посета треба да се одржи на 26 јули 2022 година, на планината до Храмот во Ерусалим. И ова ќе биде многу важен настан за нашиот свет.
„Некој ќе каже дека сето тоа е глупост. Токму со овој поглед Паркер се соочи кога почнал да зборува на радио и телевизија, и да им раскажува на слушателите и гледачите за неверојатната средба со наводниот новодојденец. Сепак тие почнале да се подбиваат и со скептицизам да гледаат кон Гери, кој наскоро посрамотен ги напуштил таквите говори.

Но нешто е многу љубопитно: Во последната година Гери се спријателил со основачот на меѓународен конгломерат „Вирџин груп“ Ричард Бренсон (се занимава и со вселенски туризам), со производителот на вселенски технологии „SpaceX“ Елон Муск.