Градоначалничките фотељи се наполнија а оние од пратеничките се испразнија. Талад Џафери си ја почна работата и ги констатира испразнетите места на парламентарците, кои експересно се надополнуваат од партиските листи на последните избори. 
Старите пратеници го испија полседното пратеничко кафе со спикерот Џафери се сликаа на Фејсбук и си заминаа а седум нови пратеници седнуваат во собраниските клупи токму на нивното место.
Вчера беа констатирани пратеничките мандати на Татјана Лалчевска, Анета Симевска Димовска, Лидија Тасевска, Ристе Ташев и Костадин Костадиновски.
Овие пратеници доаѓаат на местото на Петре Шилегов, Стефан Богоев, Сашо Поцков, Коста Јаневски и Максим Димитриевски.
Бардиљ Даути од ДПА и Зеќирија Ибраими од БЕСА кои поднесоа оставка добија замена од Мерал Узеини (ДПА) и Реџеп Мемети (БЕСА).
Од вториот круг само двајца пратеници од собраниска, преминаа во градоначалничка фотелја Благој Бочварски во Штип (СДСМ) и Курто Дудуш во Шуто Оризари (СДСМ).