
Британски експерти од Универзитетот во Нотингем успеаја да создадат цела колонија од речиси 20 илјади плочести црви и тоа го направиле само од еден примерок. Експертите иако го сечеле на мали парчиња, секое едно од нив израснало одново и се претворило во сосема нов црв.
Црвот регенерира апсолутно сè – мускули, кожата, дури и т.н. мозок на црвот. Научниците се убедени дека оваа вештина на плочестите црви кои најчесто се среќаваат во езерата, ќе помогне за развојот на нови методи, кои ќе ни овозможат да останеме многу подолго млади, дури и ако живееме подолго.
„Нашите податоци добиени при истражувањата велат дека една од претпоставките се поврзува со она што би било потребно за едно животно, а тоа е да биде бесмртно – коментира Азиз Абубакр, раководител на истражувањето.
– Нашата следна цел е да го запознаеме механизмот во детали и да дознаеме нешто повеќе за тоа како да го промениме животното и тоа да стане бесмртно“.