Поранешниот пратеник, вицепремиер, министер за здравство, како и за образование и наука, Никола Тодоров се повлече од пратеник, стана адвокат и отвори своја адвокатска канцеларија.

Никола Тодоров вчера свечено ја отвори својата адвокатска канцеларија, сместена во Капиштец, а на социјалната мрежа Фејсбук беше споделена и фотографија на Тодоров во друштво на својот брат Мартин, со синовите и пријатели.
Триесет и осумгодишниот Тодоров е дипломиран правник. Тој во 2002 година дипломираше на правниот факултет во Скопје, насока „Граѓанско право“. Во своето обраќање неодамна преку социјалните мрежи, при поднесувањето на оставка од функцијата пратеник, Тодоров напиша дека одлучил во иднина да се посвети на неговата основна професија, адвокат.
Тодоров во периодот од јули 2009 до јули 2011 година ја извршуваше функцијата министер за образование и наука, додека во периодот од јули 2011 до јуни 2017 година беше министер за здравство.