Лудилото околу купување најнов модел од iPhone X стигна и во Москва каде граѓаните чекаа со денови пред продавницата за да стигнат до свој примерок.
https://www.instagram.com/p/BbBT_8gn3wJ/?taken-by=irepair_bestrepair
Чекањето во ред се продаваше дури и поскапо од самиот телефон, а како што пренесуваат медиумите, едно време и сообраќајот бил во прекин.
Кога продавницата на овластениот дистрибутер се отворила, во улицата во која редовно има сообраќаен метеж дошло до прекин на сообраќајот поради масата луѓе кои чекале да влезат во продавницата и да купат примерок од новиот телефон.
Луѓето почнаа да кампуваат пред продавницата ReStore уште пред неколку дена, а беа и добро подготвени со столици, ќебиња и топол чај.
https://www.instagram.com/p/BbBMxj2F4aX/?taken-by=aleksandre3000
Пред оние кои дојдоа во четврток наутро веќе имаше 200 луѓе, а со нив станаа 500.

Московските власти дури обезбедија и автобуси во кои луѓето можеа да се стоплат затоа што температурите се под нула степени Целзиусови.
https://www.instagram.com/p/BbA3X4Xh1g6/?taken-by=karen_kazanchian
Еден корисник на Твитер ги објави и цените за чекање во ред кои далеку ја надминуваа цената на самиот апарат. Колку понапред во редот се чекаше толку цената беше повисока.
https://www.instagram.com/p/BbBU-Tfjm7N/?taken-by=v.i.bogomolov
На социјалните мрежи оваа појава беше предмет за потсмев, па некои дури ја споредија со ситуацијата за време на СССР кога се чекаше во редови за леб.
https://www.instagram.com/p/Ba_ioxPhD1x/?taken-by=boykoserg1990