ОБНОВЕНА Почина фудбалерот кој беше застрелан вечерва во Аеродром

од desk4
169 прегледи

Фудбалерот Мартин Јанушев, кој што беше застрелан пред влезот на зградата во која што живее во Аеродром подлегнал на повредите.

Тој во клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ бил донесен без знаци на живот, а лекарите 40 минути се обидувале да го реанимираат, но безуспешно, по што констатирале смрт.

Според очевидци, Јанушев бил застрелан со четири до пет куршуми во пределот на главата и вратот.

Според очевидци убиецот и е познат на полицијата и по него се трага.

извор MIA