Koрупциски скандал во Белград: Како се финансира СНС партијата на Вучиќ!?

од desk4
134 прегледи

Според српските медиуми се открива корупциски скандал околу финансирањето на партијата на сегашниот претседател на Србија, Александар Вучиќ. Ова го пишуваат локалните медиуми. Неговата партија употребила околу 7.000 донатори за да се  избегнат строгите правила за финансирање на кампањата на СНС.

Проблемот е што многумина од нив примаат социјална помош. Според медиумите фрустрирачки делува фактот да се донираат средства за владејачката Српска напредна партија и тоа иста сума од 40 000 динари (околу 320 евра), кои биле искористени за време на кампањата во 2014 година.

Во врска со овие напади Вучиќ вели дека неговата Српска напредна партија има најчисти финансии и дека таа на никој ништо не должи. Српскиот претседател вели дека истрагата ќе се заврши во рамките на законот и дека истовремено се чуди зошто се зборува за незаконско перење на пари.

Александар Вучиќ синоќа беше гостин во емисијата Инсајдер која се емитува на ТВN1, a водителот го праша како може 6.940 граѓани да уплатиле на сметката на партијата износ од 40.000 динари, а некои од нив истовремено да се корисници на социјална помош.