
Поради глобалното затоплување, Ели Џонстон од организацијата “Клима интерактив” предупреди дека не чекаат уште покатастрофални природни катастрофи . Причината е зголемување на концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата.
“Она што научниците го предвидуваат е навистина катастрофално. Последен пат кога на земјата имало толку силна концентрација на јаглерод диоксид во атмосферата, нивото на светскиот океан беше 30 – 40 метри повисоко од овој”, посочува таа.
Според нејзините зборови, ние веќе знаеме дека нивото на светскиот океан се зголемува дури и сега. “Исто така знаеме колку голем дел од луѓето живеат на бреговите. Замислете какви поплави не очекуваат. Зборуваме за целосна пропаст”, коментира таа.