Барокните фасади во Скопје одат во историјата- а што е со парите?

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Новиот скопкси градоначалник   Петре Шилегов, издаде наредба за запирање на работата со трансформација на десетици објекти во барокен стил во Скопје.
Наредбата веднаш стапува во сила и се однесува за 95 згради, чии фасади требало да се трансформираат во барок, според наредбите на поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски.
“Со запирање на овој проект ќе  се заштедат  повеќе од 50 милиони денари , пари  на даночните обврзници”, порача  Шилегов, откако ја објави одлуката како градонаќлник на  Скопје.
Потсетуваме  дека владата на Зоран Заев започнува со отстранување на дел од спомениците од т.н. ” проект “Скопје 2014”, Се најавува дека првиот ќе биде  оној на Андон Јанев-Ќосето, кој беше подигнат пред Судската палата во македонската престолнина, а на социјалните мрежи се бара токму тој „Ќосето кољачот“, да биде поставен пред седиштето на ВМРО ДПМНЕ.

 

35 милиони евра должничка дупка од Трајановски за Шилегов

Проектот Скопје 2014 започна под власта на поранешниот премиер Никола Груевски. Овој проект целосно го смени изгледот центарот на Скопје, и покрај несогласувањето и противењето на граѓанскиот дел ,интелектуалната и студентска  елита на Скопје. СО присила во ноќните часови никнуваа споменици , скулптури и преполнуваа малиот плоштад во главниот град Ден денска ѕиркаат или среде градот бдеат споменици на херои од антиката на Груевски. Како некаков врв на заблудата и пешат на режимското владеење на ВМРО ДПМНЕ и лидерот Никола Груевски во 2011 година  беше поставен огромен, 13-метарски,
споменик на античкиот војсководец Александар Македонски, , насловен како „Воинот на коњ“кој чини повеќе од 10 милиони евра.


Па потоа се нанижаа,  уште десетици други споменици – почнувајќи од таткото на Александар , мајката, доилките, па  се помина на Мајка Тереза, тука се цар Самоил, Гоце Делчев, партизански ликови  се дојде до пливачи и бродови во реката Вардар… 

Беа изградени неколку нови мостови  над реката, каде што има и десетици споменици, од се понешто и за секого по нешто.
Сите фасади во центарот се претворија во барок. Зградата на владата, исто така, е преслечена  во барок.Но клучното во прикаската со барокоизацијата не бече уметност туку испумпување пари од државната каса. Телевизиите ја сервираа прикаската “види колку е убаво Скопје“ а н ивните газди и државната мафија ги полнеа џебовите.
Според различни пресметки, Скопје 2014  го чини околу 700-800 милиони евра   македонскиот даночен обврзник.