Гитарата на американскиот музичар Принс продадена е на аукција за 700.000 долари што, до сега е, е највисока цена за гитара на уметникот кој почина минатата година, соопшти аукциската куќа Julien’s Auctions.

Сината гитара „Cloud“ (Облак) беше проценета на 60.000 до 80.000 долари на аукција одржана во сабота вечер, но продадена е за повисока сума од очекуваната, наведе аукциската куќа.
На истата аукција се продадени црно-белите ракавици на Мајкл Џексон за 102.000 долари како и неговата јакна од змиска кожа, која поп уметникот ја носеше во видеоклипот „Beat It“.
Продадена е и музичката MTV награда на фронтменот на гранџ групата Нирвана, Курт Кобејн, за 62.500 долари, како и со рака напишаните стихови на песната „Starman“, на британскиот музичар Дејвид Боуви, за 81.000 долари.