Американскиот претседател Доналд Трамп при посетата на Јапонија се сретна со јапонскиот цар Акихито, на кого не му се поклони како што е обичај во таа земја, туку само кимна со главата.

Иако поклонувањето претставува знак на почитување во Јапонија, американските претседатели за време на официјални посети поради тоа се соочени со критики дека на тој начин изгледаат помалку моќно.
Сепак, во 1994 година Бил Клинтон се поклони при средбата со јапонскиот цар во белата куќа. Неговиот пример го следеше и Барак Обама кој во Јапонија во 2009 година се поклони на јапонскиот цар, но му пружи рака.
Трамп овојпат ја заборави својата сопруга Меланија која излегуваше од автомобилот додека американскиот претседател зборуваше со 83-годишниот јапонски цар.
За време на обиколката низ палатата Трамп требаше според обичаите да ги нахрани рибите во аквариумот, но тој не можеше да почека рибите да се приближат па го истури цело пакетче храна во водата.


Тој во Токио одржа говор пред бизнисмените и оцени дека трговската размена меѓу САД и Јапонија не е воедначена. Дека Јапонија извезува многу во САД; а увезува малку американски производи, за што автомобилите ги наведе за пример.