Норвежанец в затвор оти купил секс-кукла налик на дете

од desk2
85 прегледи

Норвешкиот суд во петок му одреди шесмесечна казна затвор на маж кој онлајн купил секс-кукла налик на дете, што е прв ваков случај во нордиските земји.

Судијата во југоисточниот град Фредрикстад рече дека пресудата е донесена врз основа на тоа што „куклата портретира малолетно дете на многу шокантен начин“.

„Иако не можеме да го исклучиме фактот дека куклата може на некој начин да е замена за агресија, тешко е да се разбере интересот за ваков производ“, велат судиите.

„Во очите на судот, куклата придонесува за тривијализирање на сексуализацијата на децата и колективната превенција со одлуката на судот да се спречи развој на ваков пазар“.

Мажот на возраст од 23 години, уапсен е кога агенти ја нашле силиконската секс-кукла со особини на дете.

Полициската истрага ги доведе властите до домот на момчето каде откриле повеќе од 1.600 фотографии и 26 видеа од детска порнографија.

Мажот е осуден за купување на куклата и за два случаи на поткуп на малолетници кои не наполниле 16 години.