Закана на Дачиќ е сосема бесмислена, како и повлекување на дипломатите од амбасадата во Скопје.Македонците го урнаа режимот сега на ред се Србите!

Поранешниот српски премиер Зоран Живковиќ вели дека Вучиќ и во поглед на Македонија води естрадна политика за да ја искаже својата моќ!
-Како Македонија стана пример кој покажува дека авторитарните режими во регионот и во Европа можат да бидат урнати со демократски средства? Никола Груевски со популистички методи владееше со Македонија 10 години. Се чинеше дека има голема поддршка од народот, дека е непобедлив, но неговата моќ за половина година се распадна како кула од карти.
Како е тоа можно, пишува Радио Слободна Европа од интервјуто со Зоран Живковиќ-поранешен српски премиер и лидер на опозиционата Нова странка .
Живковиќ- говорејќи за односот на Србија кон промената на власта во Македонија вели дека најчудно во сето тоа е што големата поддршка на Србија кон Груевски започна кога веќе беше јасно дека ги губи изборите. На Вучиќ и на неговите партнери им беше жал што дојде до промена на власта во Македонија, бидејќи владата на Груевски беше слична на оваа власт во Србија. Тоа е авторитарен популизам, каде што се создаваат митови, каде што секојдневно се лаже и манипулира со бројки за бројот на вработените и за економскиот раст. Во Србија денес се лаже исто како што се лажеше во Македонија за време на претходната влада.
– Им честитам на Македонците што се изборија со такво зло. Мислам дека сега е на нас ред во Србија. Се надевам дека белградските избори што се пред нас, ќе бидат – ако не конечна победа над режимот на Вучиќ – тогаш барем ќе бидат прв чекор, вели Живковиќ и заклучува: – „За време на неговата претседателска кампања пролетва, Вучиќ постојано повторуваше дека опозицијата сака да предизвика македонското сценарио, што според него значеше предизвикување на немири и нереди. Сепак, вистинската опасност за него е белградското сценарио, што значи тој да се победи на изборите и ако даде отпор на промената на власта, со дополнителна работа на слободните граѓани да биде тргнат од неговата канцеларија – како што беше на 5-ти октомври. Белградските избори можат да бидат прв чекор во изградба на општество во кое власта ќе има нормални односи со граѓаните и со своите соседи-констатира Живковиќ.
Во врска за аферата со разузнувачот Живаљевиќ, поранешниот српски премиер вели-„ За неговото присuство во собранието, да кажам народски, тој си го бараше ѓаволот таму. Тоа беше потполно неприкладно место и време за припадник на српската разузнавачка агенција. Јас него го знам и тој тоа не го направи самоволно, мораше да го послуша налогот од Белград. Тоа беше потполно бесмислено, како и многу други работи кои ги направи Вучиќ последниве години. Таква беше неговата посета во Сребреница, кавгите со Хрватите. Тоа е естрадно водење на политиката, како би се покажала моќта на Србија и моќта на Вучиќ како лидер на Балканот кој се прашува за се!
Таква е постапката и со повлекувањето на дипломатите од амбасадата во Скопје на 5-6 дена-што е политичка глупост-констатита Живковиќ. Во српките провладини медиуми тоа беше преставено како моќ, одлучност итн. Но всушност тој скандал беше една аматерска балканска оперетска престава за покажување на силината на Србија.
Во врска со заканата на шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ, дека Србија може да го промени односот кон името на Македонија, Живковиќ вели дека е сосема бесмислена. Дачиќ со тоа ќе скокне самиот во својата уста, бидејќи Србија во времето кога на влест беа неговите социјалисти и радикалите на Вучиќ- ја призна Македонија под уставното име Македонија.
Дали Косово ќе влезе во УНЕСКО и во Интерпол, и што ќе одлучи Македонија за своето име – сето ова се важни работи, но за Србија е уште поважно да има нормално општество со владеењето на правото и каде што криминалците нема да биде на власт и блиску до власта – туку во затвор. Закана на Дачиќ е сосема бесмислена, како и повлекување на дипломатите од амбасадата во Скопје, како и присаството на претставници на нашите безбедносни служби во македонскиот парламент, во моментот кога приврзаниците на Груевски се обидуваа да се пресметаат со новоизбраните пратеници. За жал, апсурдноста владе во Србија последниве пет години и тоа остава многу лоши и сериозни последици за српското општество и за српската држава-констатира поранешниот српки премиер. во интервјуто за РСЕ.