
Меѓу изјавите на Доналд Трамп за Иран, уште нестабилните активности на Северна Кореја во регионот и постојано растечката листа од санкции наметнати на Русија, светот е во едно мала состојба на војна.
Некои луѓе веруваат дека Третата светска војна е блиску иако нејзината природа (нуклеарна, економска или сајбер) не е позната, но очекувањата се дека таа навистина ќе биде многу, многу катастрофална.
Во светлината на ова, весникот Independent состави листа од десет земји во кои е најдобро да се наоѓате, ако избувне Трета светска војна.
Тие се базирани врз Индексот за глобален мир 2017. Видете ги:
10. Ирска
Ирска практикува воена неутралност и од 30-те години на 20 век не учествувала во воен конфликт на меѓународно ниво.
9. Швајцарија
Швајцарија се пофали со најстарата историја на воена неутралност која датира уште од времето на Парискиот договор од 1815 година. Оттогаш, земјата не била вклучена во војна. Нејзините планини, сепак, се добро зајакнати против некоја странска инвазија.
8. Словенија
Што се однесува до самоодржливоста, развојот, соларни и хидроелектрични извори на енергија Словенија ја означуваат како земја која во случај на меѓународен конфликт, како државата нема да мора да се потпре на барање на енергија од друга страна. Во комбинација со фактот дека во голема мера таа успеа да се држи понастрана од Првата и од Втората светска војна, можеме само да претпоставиме дека ова однесување ќе го има и за идните глобални конфликти.
7. Фиџи
Остров во јужниот дел на Пацификот, Фиџи е географски сосема изолиран и затоа е безбедно место.
6. Данска
Данска е на во оваа листа, иако може да биде вовлечена во воен конфликт поради статусот во НАТО. Сепак, областа е сосема далечна.
5. Австрија
Австрија е рангирана на четвртото место од 163 земји во Глобалниот индекс на мирот за 2017 година.
4. Португалија
На трето место според Индексот за глобален мир, Португалија е „оаза на стабилноста“. Изгледа дека екстремно десничарскиот популизам кој ја зафати цела Европа, во голема мера отсуствува во земјата и по крајот на Втората светска војна таа мина без повеќе конфликти, што ја прави стабилна на внатрешно и надворешно ниво.
3. Нов Зеланд
Една од најдобрите работи на оваа земја е нејзината решеност за самоодржливост: екстракција на повеќе од половина електрична енергија која се добива од хидроелектрични централи, Таа дури има плодна земја, што на ова поле ја прави независна и може да производува сопствени културиа, во случај да се покаже изолирана од остатокот од светот. Во предвид треба да се земе и оддалеченоста така што Нов Зеланд е солиден избор за дом во случај на светска војна.
2. Канада
Канада е осма мирна земја во светот, според светскиот индекс на мирот 2017 година.
1. Исланд
Исланд е во првите редови на глобалниот мир, што ја прави најмирна земја во светот. Покрај тоа, таа е географски оддалечена од регионите вклучени во глобалните конфликти (како што се Америка, Северна Кореја, Русија и Иран), што ја прави најдоброто место за криење во случај на светска војна.