Алармантно: Воздухот во Делхи е смртоносен, прогласена вонредна состојба

од desk2
87 прегледи

Втор ден по ред жителите на сојузната индиска држава Делхи се соочуваат со изразено загадување на воздухот и им се советува да не излегуваат надвор, ако не мораат, за што помалку да вдишуваат опасен смог.

Основните училишта се затворени.

Според тамошните медиуми, видливоста е помала од 10 метри, а загадувачите во воздухот се далеку над нормалните. Најмногу има честички PM 2,5 и PM 10. Според мерењата, концентрацијата на честичките PM 10 е 1.271 микрограми на метар кубен, а дозволена е максимална граница од 100 микрограми. Слично на тоа, честичките PM 2,5 порасна за 12 пати над дозволеното. Затоа се смета дека воздухот е смртоносен доколку луѓето подолго време се изложени на него.

Медицинските работници во Делхи прогласија вонредна состојба и апелираа до владата да ги сопре организираните спортски активности на отворено и други активности од тој вид во училиштата за да ги заштити децата.

Примарен фактор на висока концентрација на честици е спалување на посевите во соседните држави Пунџаб и Харјана. Министерот Арвинд Кејривал во вторник го нарече Делхи гасна комора и порача дека мора да се најде решение за спалувањето на посевите во соседните сојузни држави.

Владата побара запирање на влезот на камиони во градот во случај квалитетот на воздухот да го достигне највисокото ниво на загаденост.