Франција има голем број нудистички плажи, кампови и базени, а сега отворија и прв ресторан за нудисти „O’naturel“.

Ресторанот е отворен откако беше успешно организирана вечера за членовите на Асоцијацијата на нудисти на Париз.
„Организиравме вечера само за нив затоа што не поддржуваа од почетокот“, изјавија менаџерите на ресторанот Мајк и Стефани Сада за Le Parisien.
Нагласија дека членовите на Асоцијацијата биле одушевени од нудистичкиот ресторан кој е сместен во 12 арондисман.

„Не ми пречи, како ни на моите соседи. Од улица не гледаме ништи. Знаеме што се случува, тоа не е салон за масажа“, вели еден од жителите на овој арондисман.
Ресторанот има 40 места, а најевтин оброк чини близу 30 евра. Сите посетители на ресторанот мора да ја соблечат облеката при влез во ресторанот и да ја остават во гардеробата.