Го продавала својот автомобил за 500 долари: Нејзиното момче и направило реклама, па сега и нудат 100.000 (ВИДЕО)

од desk2
126 прегледи

Една Американка од Калифорнија одлучила да го продаде својот половен автомобил марка Хонда Акорд од 1996 година на И-Беј за само 499 долари. Како би успеала во тоа, нејзиниот вереник , инаку режисер, се понудил да и направи реклама за автомобилот.

Овој автомобил веќе поминал 227.070 километри, па газдарицата одредила цена од само 499 долари.

 

Господинот Ланмен добро ги искористил своите таленти и направил реклама која за кратко време станала доста популарна, па со самото тоа и цената на автомобилот почнала вртоглаво да скока.

 

Последната понуда на И-Беј изнесува неверојатни 100.000 долари, а продажбата ќе трае уште само три дена.

 

-Инспирација за рекламата добив додека јас и мојата девојка Кери се возевме покрај брегот додека патувавме на кампување, изјави тој за Би-Би-Си.

 

Сметал дека би било навистина смешно за така стар автомобил да се сними реклама во така раскошно опкружување покрај морето.

 

-Надреално е што рекламата стана толку популарна ширум светот. Фала му на Бог за интернетот, изјави тој.