Британија излегува од ЕУ на 29 март 2019 година во 23 часот

од desk2
81 прегледи

Британската влада најави во петокот дека истапувањето на земјата од Европската унија ќе се случи на 29-ти март 2019 година во 23 часот по локално време, а овие прецизни податоци биле внесени во амандманот од нацрт законот за излегувањето од ЕУ, кој во моментов се наоѓа на доработка во парламентот.

„Нашиот амандман јасно укажува дека Велика Британија ќе ја напушти Европската унија во 23 часот на 29-ти март 2019-та“, соопшти во писмена изјава министерот надлежен за Брегзотот, Дејвид Дејвис.

Според неговото министерство, некои пратеници биле загрижени поради тоа што точниот датум за спроведувањето на истапувањето на земјата од Унијата не бил впишан во законот.

„Ги послушавме претставниците на јавноста и на парламентот и ја внесовме оваа промена за да избегнеме конфузија“, истакнува Дејвис.