Ако им верува на ѕвездите, мажите родени во следните три хороскопски знаци едноставно не се за брак.
Според Зодијакот, водените знаци се сметаат за пасивни брачни партнери, огнените се љубоморни и посесивни, а воздушните либерални. Земјените се критичари, а како добра особина се смета нивната отвореност.

Овие три знаци се оценети како убедливо најлоши сопрузи.
Девица
Иако вешто го кријат тоа, припадниците на овој знак се многу љубоморни и несигурни. Девиците своите слабости ги покажуваат со време, односно во моменти кога мислат дека добро се „обезбедиле“. Сакаат да манипулираат, поради што не претставуваат идеални брачни партнери.
Бик
Биковите се големи кариеристи, а во состојба се работата да ја стават пред бракот и децата. Тие се одговорни, па поради работата остануваат често доцна во канцеларија, место со сопругата и децата да поминат пријатна вечер. Во исто време се и хедонисти, познати по својата галанција, со што ја освојуваат жената. Може да ве опсипат со скапи подароци и најубави комплименти, но нема да ви го подарат најважното – времето за својата сопруга, односно за најважната жена во нивниот живот.
Риби
Рибите често сами се катапултираат во затруена врска. Машките припадници на овој знак се познати по бескрајното разбирање и сензибилноста, поради што оддаваат впечаток на совршен партнер со кој би го поминале животот. За жал, често налетуваат на погрешна личност која не знае да ги цени нивните квалитети. Со оглед на тоа дека се лековерни, Рибите прифаќаат вина, а поради тоа се неверојатно несигурни.