По роденденската прослава купил грепка и освоил 750. 000 долари

од desk2
130 прегледи

Маж од Калифорнија го прославил 35 роденден на најдобар можен начин.

Хестон Хјуз од Лос Анџелес изјавил дека ден по роденденот купил грепка за 10 долари, а откако дознал дека добил 750. 000 долари, прво нешто со кое се почестил е суши.

Кога го прашале што планира да прави со парите, среќниот добитник одговорил: „Можеби дел ќе вложам во Биткони, но сигурен сум дека многу пари ќе потрошам за купување суши. “