Синедејс: Филмот „Квадратот“ на Остлунд е аларм за будење од сонот

од Vladimir Zorba
110 прегледи

 

Откако годинава победи на Канскиот филмски фестивал, филмот „Квадратот“ на шведскиот режисер Рубенс Остлунд  беше „најозборуваниот“ меѓу филмските критичари и филмофилите.  На наше задоволство овогодинешното издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс 2017“ се отвори токму со овој  визуелен запис, а публиката имаше шанса да се соочи со силен авторски печат и филмско темпо на просторен нартив кој го доловува целиот афект на сижето.

За што зборува „Квадратот“? – За виртулната реалност, или поточно низ призмата на Жижек, релноста на вируелното низ релациите на Вистината, Убавото и Доброто. Очигледно е дека филмот не соочува со идејата за идеалното Јас, како и комплексите на индивидуата кои се стекнуваат со поседување моќ од авторитет овозможен од  професија или функција.

Виртуелното во овој филм е општествената рефлексија  во галериските простори која ја создава елитизмот, незнаењето, а на овој начин маестрално се оцртува современата уметност  низ  неуметнички карактер, кој сега не бара од посетителот да се напрегне интелектуално пред делото, туку овој пат во него предизвикува чувства, емоции, го збунива и отуѓува од примарната цел на ликовниот израз.

Идејата  е сместен во постулатите на битието, Убавото и Праведното, и преку него треба да се равие дејството на Доброто во кое се остварува политичката солидарнсот и коректност.  Ако уметноста е огледало на општетството, тогаш низ многу вешт сарказам Остлунд, не опоменува дека човекот ги преминал границите како морално битие, и се губи концептот за Другиот, човекот како императив. Од оваа гледна точка, човекот веќе не е  цел, туку средство низ кое се гради комплексниот систем на една држава.

Интересна е аналогијата на квадратот кој треба да претсатвува заштита, засолниште, целосна вистина за еден народ, во кој индивидуата е важна како и нејзините потреби, но режисерот ја поместува оваа граница и ја генерира лажната солидарност, во која нормалноста остварувајќи се во демократскиот принцип не се испречува пред патот на поинаквото, а од друга страна безмилосно го исклучува од опкружувањето.

Режисерот портретира уметнички изрази кои се целосно сомнителни, а го допираат денешното ликовно творештво во современ контекст, иако се поставуваат во врвни музеи. Од друга страна се одгатнува и прашањето за  вреднувањето на  уметноста, за на крај да се одговори на ова прашање преку апсурден одговор на кустос кој го посочува Бордот на директори како креатор на одлуки.

Квадрат е филм кој ги исполнува целосно критериумите за естетска филмска композиција, што во себе ја создава уметноста. Наративот е линеарен, пропратен со акузматика која целосно го надополнува афектот, музиката е поврзано со перцепцијата на гледачот со неочекуваното, празното, недоискажаното и нехуманото.

„Квадратот“ е визија за иднината, филм кој алармира, предупредува. „Квадратот“ е пророштвото искажано низ алузија.

Вероника Камчевска