Политичари протестираа во Париз заради муслимани кои се молеа на улица

од desk2
107 прегледи

Француски политичари во петок протестираа во Париз поради уличните молитви на муслиманите. Околу 100 политичари маршираа во петок против молитвите кои муслиманите ги изведуваат на улица.

Политичарите ја пееја националната химна и во молитвата им пречена на околу 200 верници кои на улица се поклонуваа, а полицијата успеа да спречи конфликт меѓу нив.

Критичарите велат дека употребата на јавниот простор за молитва е забранета во францускиот секуларен систем. Верниците пак тврдат дека немаат простор за молитва затоа што градското собрание во март ги презело просториите во кои се поклонувале за џума-намаз.

„Јавен простор не смее да се зазема на овој начин“, вели Валери Песрез, претседателка на Регионалното собрание.

На протестот главно присуствувале републиканци, припадници на десниот центар.

„Јас сум одговорен за мирот и слободата во мојот град“, вели Реми Музо, првиот човек на еден париски регион, кој го повика Министерството за внатрешни работи за забрана на одржување улични молитви.

Еден верник за АФП вели дека сака достоинствено место за молитва и дека не ужива на улица. Додава дека им замерува на политичарите што ја пееле националната химна за време на протестот.

„Пеат Марсељеза, не провоцираат, иако и ние сме Французи. Ние сме Французи. Да живее Франција“, вели Абделкадер.