Барате љубов? Месецот на раѓање открива каква ви треба

од desk2
89 прегледи

Ѕвездите сешто можат да откријат, па дури и тоа каква личност најмногу би ви одговарала според вашите астро комбинации. Месецот на раѓање открива каков маж ви е потребен, па и по цена да го чекате.

Јануари

Мажот за вас кога-тогаш ќе се појави, а ќе го препознаете по силните амбиции и љубов кон работата. Токму затоа што и сами сте такви. Знаете кои ви се соништата и сигурно чекорите кон нивно остварување. Затоа ви треба некој што ќе ви биде поддршка и ќе трча заедно со вас. Само таков маж нема да се исплаши од вашата желба за успех.

Февруари

Со оглед на тоа дека сте непредвидливи и полни живот, ви треба некој трпелив, но истовремено и радознал маж. Некој кој ќе ве сака и кога сте добро расположени и кога сте тивки, замислени и ранливи.

Март

Заслужувате некој кој ќе ве третира како ви доликува. Со оглед на тоа дека сочувствувате со другите, искрени сте и паметни-таков мора да ви биде и совршениот маж. Бидете трпеливи, ќе дојде оној кој ќе ве стави на прво место, кој ќе ги обожава вашите особини и нема да ве искористи

Април

Почекајте да се појави оној кој ќе се заљуби во вашата едноставност. Од неа многумина побегнале и многумина се плашеа од тоа што не ги криевте емоциите, но ќе дојде вистинскиот за вас кој ќе биде доволно самоуверен да остане.

Мај

Ви треба некој кој ќе може да го следи вашето темпо. Кал лицата со исклучителна сосредоточеност, мотив и страст, не треба да најдете некој што ќе каска зад вас. Сосема е во ред секој од вас двајца да води свој живот, но да сте тука еден за друг и ќе бидете подобри и поуспешни.

Јуни

Ви треба некој на кој нема да му биде проблем да се отвори емотивно потполно, а тоа не подразбира некој на кој ќе му бидете рамо за плачење. На вас ви е потребен некој кој ќе ве сака како вие него.

Јули

Ви треба маж кој ќе ве обожава да бидете она што сте. Природата ви е таква да ги привлекувате сите околу себе, затоа и заслужувате некој доволно сигурен во себе и тоа нема да му пречи. Не ви треба некој што ќе ви рече малку да се смирите за тој подобро да се чувствува во своја кожа.

Август

За вас е некој што ќе биде искрен, кој ќе ви го каже и она што не сакате да го чуете. Вашата личност е пример за многумина и имате карактеристики на водач, затоа ви е потребен јак маж кој нема да дозволи да правите се што ќе посакате, особено не да газите преку него. Тоа не значи дека нема да биде горд на вас. Сепак, тој ви треба за да ве држи во рамнотежа.

Септември

Никогаш не престанувате да учите нови работи и да стекнувате нови искуства. Затоа ви е потребен партнер кој нема во тоа да ве кочи. Но и некој кому нема да му биде тешко да се потруди малку повеќе за да загребе подлабоко во вашето срце.

Октомври

Имате толку многу љубов и добрина па луѓето често ве земаат здраво за готово. Затоа вашиот маж треба да има слични карактеристики за вашиот живот да е исполнет со радост и љубов, а не со болка и страдање.

Ноември

Исклучително сте работни и креативни, но понекогаш умеете да бидете и повлечени и тивки. Затоа ви е потребен некој кој ќе ги сака сите ваши страни и кој секогаш ќе се труди да се чувствувате опуштено. Почекајте го оној кој ќе ве сака таква каква што сте.

Декември

Вам ви треба некој кој секогаш ќе биде подготвен за забава. Вие сте ведра личност полна со енергија и ви треба некој кој ќе ве поттикнува на тоа за да се развивате, а не некој што ќе ве кочи. Мажот кој е за вас ќе ја сака вашата духовитост и блесавата природа, но ќе биде и доволно сериозен кога е потребно. Пред сѐ, за вас е потребен е некој кој ќе ве насмее.