Славната 72-годишна британска актерка Хелен Мирен неодамна изјави дека би сакала да го глуми американскиот претседател Доналд Трамп во биографски филм.

Познатата актерка смета дека би била совршена за таа улога затоа што имаат слични фризури.
„Би била токму како Трамп. Ја обожавам таа идеја. Речиси како да ја имам неговата коса. Тој е фантастичен шекспировски лик. Можеби ќе има и шекспировски пад. Не знам, но ми се чини како посебен лик“, вели Мирен.
Додава дека за таков проект би сакала да го проучи неговото детство и семејсниот живот.