Македонската филхармонија ќе донира за лекувањето за Валерија Зафировска

од desk2
89 прегледи

Македонската филхармонија соопшти дека се приклучува кон хуманитарната акција за собирање средства за лекувањето на седумгодишната Валерија Зафировска од Штип, која боледува од тумор на мозокот.

Приходот од продадените билети за симфонискиот концерт за деца „Магичен глас“ кој ќе се одржи во сабота во 12 часот, ќе биде наменет за лекувањето на Валерија, стои во соопштението.