„ИКЕА“ се пошегува со италијанскиот селектор, му најде нова клупа (ФОТО)

од desk2
148 прегледи

Шведската компанија за мебел, „ИКЕА“ му фаќа сеир на селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Џанпјеро Вентура.

Шведска ја зави Италија во црно елиминирајќи ја во баражот за Светското првенство во Русија.

 

„ИКЕА“ која потекнува токму од Шведска, му фати сеир на италијанскиот селектор кој одбива да си даде оставка.

 

„Џанпјеро дозволи ни да ти се извиниме што ја загуби клупата, еве ти нова“ – напиша познатата шведска компанија на рекламата за клупа која чини 89,99 евра.