
Површините засадени со афион во Авганистан во 2017 година достигна 328 илјади хектари, што е апсолутен рекорд за целата историја на земјата.
Од нив може да бидат произведени 9 илјади тони дрога, се вели во извештајот кој денес беше претставен од заменик-генералниот секретар на ОН и извршен директор на Управата на ОН за дрога и криминал, Јуриј Федотов, пренесоа светските агенции.
Зголемувањето на површините со афион за последната година е за цели 63 проценти повеќе од досегашните околу 150-170 илјади хектари, а производството на опиум се зголемило за 87 проценти, соопшти Федотов.
Тој посочи дека, како и досега, повеќето од културите се во подрачја под контрола на Талибанците. Загрижувачки претставува развојот на работите како целина кои се поврзани со поволните климатски услови, кои беа оваа година, се забележува во извештајот.
Федотов обрна внимание дека производството на опиум се зголемува паралелно со појавата на повеќе големи количини синтетички дроги. Генерално во светот се одбележана тренд на зголемување на производството на наркотични средства: на кокаин во Латинска Америка, синтетичка дрога, нови психоактивни супстанции кои сега масовно се произведуваат во Авганистан.
ОН очекува количината на наркотици произведени оваа година да го надмине нивото на потрошувачка. Не станува збор само за хероин, кој е најопасната и најсмртоносна материја, но исто така за хашиш и синтетички дроги како амфетаминска опција, се вели во извештајот.
Според Федотов драстичното зголемување на производството на дрога во Авганистан во заднината на поразите кои ги трпи „Исламска држава“ во Сирија и Ирак, може да значи дека џихадистичката група се поканува да се распореди во друга област и се подготвува финансиската база.