Археолози дошле до уникатен пронајдок под древен храм на Маите на полуостровот Јукатан

од desk4
325 прегледи

Меѓународна група археолози откри таен премин во пирамидата Кукулкан, кој останал некако зачуван меѓу остатоците на античкиот град на Маите Чичен Ица на полуостровот Јукатан.

Проучувајќи го тунелскиот систем во огромниот скалест храм, архелолозите откриле влез кој веројатно води кон една пештера.

“Во светилиштето можеме да дојдеме во просторија под пирамидата, каде го најдовме блокираниот премин, најверојатно затворен од самите Маи”, вели раководителот на групата Гилермо де Анда, цитиран од El Universal.

Археолозите претпоставуваат дека преминот може да води кон преплавена пештера, која во минатото Маите ја користеле како просторија за жртви. Во корист на оваа теорија е и фактот дека порано на територијата на античкиот град Чичен Ица истражувачите пронаоѓале стотици човечки коски.