Трамп: Патот во Азија покажа дека угледот на САД никогаш не бил поголем

од Vladimir Zorba
126 прегледи

  Американскиот претседател Доналд Трамп по турнејата по Азија изјави дека тоа било „историско и исклучително успешно патување“, кое покажало дека „угледот на САД никогаш не бил поголем во светот“.

Тој обрајќајќи се од Белата куќа, откако посети пет азиски држави – Јапонија, Јужна Корејам Кина, Виетнам и Филипини, истакна дека сака американскиот народ да го информира за „огромниот успех“.

– САД се третираат со неверојатна топлина, гостопримливост и што е најважно со почит, истакна Трамп.

Тој истакна и дека е неприфатливо американскиот трговски дефицит со другите држави да изнесува околу 800 милијарди годишно.

– Ќе почнеме да го намалуваме таквиот дефицит што е можно побрзо, наведе Трамп, не прецизирајќи како планира да ја постигне таквата цел.

Американскиот претседател во својот говор потенцира и дека ситуацијата со нуклеарната и ракетната програма на Северна Кореја бара неодложна акција.

– Заканата (од Северна Кореја) постојано растеше за време на многу администрации (на американските претседатели) и сега бара да бидат преземени неодложни акции, посочи Трамп.

Тој додаде дека цела е денуклеаризација на Северна Кореја, повторувајќи дека времето истекува како и дека САД претходно јасно навеле дека „сите опции се на маса“.

Американските медиуми објавија дека Трамп за време на обраќањето до нацијата за своето 12-дневно патување двапати пиел вода. Тој за време на претседателската кампања во 2016 година често го исмејуваше тогашниот ривал, сенаторот од Флорида, Марк Рубио, поради неговите чести паузи да се напие вода.

Трамп во Вашингтон пристигна во вторникот вечерта, а вчера продолжи со своите твитови, при што напиша дека САД „повторно се почитувани“ во азиско-пацифичкиот регион, како и дека народот „ќе ги види плодовите од неговото долго, но успешно патување во следните години“.

Претседателот на САД твитна и за Си-Ен-Ен, истакнувајќи оти бил „приморан“ да ја гледа телевизијата за време на патувањето и „повторно да согледа колку е лоша“. /МИА