Дожд и бура и денеска во Грција, најавуваат метеоролозите

од Vladimir Zorba
127 прегледи

   Грчката Национална метеоролошка служба и за денеска најави дожд и бура во земјата.

На места бурата ќе биде силна, особено во реонот на Јонското Море, во континенталниот дел, на островот Евбеја, како и во западниот дел на островот Крит, предупредуваат метеоролозите.

Од почетокот на неделава времето во Грција драстично се влоши откако ураганот „Евридика” ја погоди земјата, а поројни дождови и силен ветер предизвикаа големи поплави, во кои загинаа 15 лица во областа Атика, крај грчката престолнина Атина/МИА