Бруно Кал, директор на Федералната разузнавачка служба на Германија (БНД), рече дека најголемите воени вежби на Русија во текот на летото покажуваат загрижувачко високо ниво на модернизација на вооружените сили.

Тој го соопшти овој  коментар  на настанот во Минхен во понеделникот, организиран од Фондацијата Ханс Сијдел.

Кал објасни дека е важно за Германија, НАТО и ЕУ внимателно да го следат развојот на руските вооружени сили. Според него, големите маневри  покажале дека Москва е “многу, многу блиска” за да ја исполни целта до 2020 година, со модернизација на 70 отсто од вооружените сили.

” Ние мора да останеме будни, мирот во Европа повеќе не е загарантиран факт“, предупреди тој.

Целта на Русија вклучува ” слабеење на ЕУ, притискање  на САД и конкретно ставање  на клин меѓу двете. Тоа значи дека наместо партнер во европската безбедност, ја имаме Русија како потенцијална закана “, појасни тој.

Според него рускиот лидер Владимир Путин е решен да запре ширењето на европските вредности на Исток, вклучувајќи во Украина и Грузија, а исто така нема шанси тие да станат членки на НАТО, додека во Москва преовладува “светогледот” на Путин.

Постои растечка закана за безбедноста на Германија со ракетите со краток дострел од  Москва  и Калининград, рече Кал.

” Светскиот играч Русија се врати, ќе остане непријатен партнер и Западот мора реално да го разгледа “, рече тој,  истакнувајќи  дека е важно да се продолжи   дијалогот со Москва.