Дизајнери од компанијата Vincent Callebaut Architectures најавиле девет цилиндрични структури покриени со билки кои ги нарекуваат мегастебла.

Градбата почна во 2014 година, а ќе биде завршена во 2019 година, велат од конмпанијата Business Insider.
Футуристичкиот комплекс во населбата Хелиополис наречен е „The Gate“ или „Врата“, а ќе се простира на близу половина милион квадратни метри. Највисоките катови на зградите ќе бидат поврзани со пешачки мостови, а ќе се најде простор и за детски игралишта и за мали градини за овошје и зеленчук.
Богатите жители ќе можат да уживаат во голем базен, а на три ката ќе биде сместен трговски центар. На четири подземни нивоа ќе има многу места за паркинг.
Покрај сето тоа, 1.000 апартмани ќе имаат бројни иновативни карактеристики како сензори за движење и подесување на температурата и светлината. Зградите делумно ќе се напојуваат со сончева, а делумно со енергија на ветар.