Турските археолози во провинцијата Кајсери пронајдоа глинена плоча на која е исклесан предбрачен договор, а плочата е напишана на клинесто писмо на староасирско наречје.

Во овој договор се обиделе да го решат проблемот со неплодноста. Во него се наведува дека ако двојката не може да добие дете во период од две години, тогаш сопругата ќе му најде робинка на сопругот која ќе стане сурогат мајка. По раѓањето на првото машко дете робинката мора да се ослободи, објави магазинот Gynecological Endocrynology.
Главниот истражувач проф. Ахмет Беркиз Турп од Универзитетот Харан во Турција вели дека робинката морала да биде ослободена по раѓањето на првото машко дете и дека на тој начин се грижеле семејството да не остане без потомоци.
Оваа глинена плоча настанала за време на Асирското царство во 25 век пред Христос, а изложена е во Археолошкиот музеј во Истанбул како најран документ во кој се спомнува неплодноста.