Елаборатот за отстранување на спомениците не пристигнал во Владата

од desk4
77 прегледи

Во Владата се уште не пристигнал елаборатот на работната група на Министерството за култура, која препорачува отстранување на три споменици кои се дел од проектот “Скопје 2014”. Меѓу нив се и оној на Александар Велики или официјално заведен како Воин на коњ. Координаторот на работната група Мирослав Грчев рече дека отстранувањето на спомениците се препорачува поради, како што тврди, бројни законски прекршоци, а целиот проект го опиша како поттикнувач на поделбите меѓу етничките групи од страна на политичките партии.

Истото мислење го дели и уметницата Нита Чаволи, според која, проектот Скопје 2014 не ги претставува сите етнички заедници во Македонија. Таа вели дека за такви промени морало да се консултираат граѓаните и другите релевантни фактори во земјава.

Повеќе тука