
Скршени луѓе во жалост и огромна штети , исплаачаеност и збунетост тоа е сликата во Грција по невидената поплава – најлошото во последните 20 години. Бурата “Евридика” ја погоди Северна Грција и Солун..
Билансот е трагичен – 16 загинати , пет исчезнати , стотици бездомници. Дождовите продолжуваат, се очекува бројот на жртви да се зголеми.

Ситуацијата во Грција е критична. Автопатот од Солун до Атина е затворен во областа на Катерини, каде што полициските тимови им објаснуваат на патниците како да се движат. Возачите мора да бидат внимателни, бидејќи патиштата се покриени со кал и камен.
Во Катерини има пороен дожд, многу улици се поплавени и целосно непроодни, па сообраќајот отстапува по различни правци.
Најкритична ситуација во регионот околу главниот град и Неа Парамос, каде што стотици останаа без дом.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас излезе со говор во кој тој прогласи национална ѓалост во земјата во спомен на жртвите.
“Едвај се спасивме . Она што ме боли најмногу, е индиферентноста на властите , само ни велат ” држете се “и толку. Никој не ме праша дали имам вода за пиење, дали има што да јадам, каде да спијам … Тие доаѓаат со своите скапи костими, а потоа оставаат и забораваат на нас “. – раскажува Марија Крида, жител на Неа Перамос.
“Се разбудив во 7 наутро, ја отворив вратата и видов дека морето достигна до оградата на мојата куќа. Не слушнав дождот, слушаме само татнеж на надојдона вода. Дрвја, огради, ништо не застана пред стихијата. Беше вистински хаос .” – вели Елефтерија Цоли, исто така жител на Неа Перамос.
Еден локален граѓанин кажува дека бранот на бранови беше висок еден ипол метри, а единственото нешто што луѓето го прават е да чекаат катастрофата да исчезне и потоа да се обидат да ја контролираат штетата.
Грчките власти објавија дека сите што имаат потреба добиваат помош , особено оние без покрив и оние чие обработливо земјиште е поплавено да се јават.
Потрагата по исчезнатите лица продолжува .
Во Грција и денеска ќе продолжи лошото време проследено со поројни дождови и силен ветар, претежно во региони во континенталниот дел од државата, јавија грчки медиуми.
Метеоролозите најавуваат дека бурата наречена „Зенон“ која доаѓа од Средоземното Море ноќеска ќе ја погодила Грција. Се очекува бурата да донесе нов бран поројни дождови и ветар како на почетокот на неделата .
Од вчера во Грција е тридневна жалост. Сите училишта во областа Атика се затворени.