Според Форбс, “Федерер” е најуспешната марка во спортот

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Втора година по ред, Форбс магазинот го објавува  брендот Роџер Федерер за најуспешни  во категоријата спортист.

Експертите за проценка го оценија 36-годишниот швајцарски тенисер вреден 37,2 милиони долари како негов приход од реклами. Ова е 3,3% повеќе од минатата година.

На второ место на листата за втора година по ред се наоѓа ѕвездата на Кливленд Кавалирс Леброн Џејмс, кој е рекламно лице на голем број светски брендови, меѓу кои “Nike”, “Coca-Cola”, “Kia Motors” и “Intel”.
Трет  е јамајскиот атлетичар Усаин Болт, кој ја заврши својата спортска кариера оваа година.
Надвор од челната тројка во ова рангирање остана фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, чија марка е оценета од Форбс на 21 милиони долари. Португалецот , сепак, останува најскапиот спортист во светот, собирајќи 88 милиони долари годишно.
Во топ 10 најскапи брендови во категоријата “спортист” паднаа уште голферите  Фил Микелсон, Тајгер Вудс и Рори Макилрој, натпреварувачот во Крикет Вират Рент, фудбалерот на Барселона Лионел Меси и кошаркарот на Голден Стејт воини Стеф Кари.