Актерката Моника Белучи секогаш плени со својата појава, а епитетот за една од најубавите жени во светот ја следи и во 53-тата година.

Славната италијанска актерка на друштвените мрежи се присети на насловна страница од пред 30 години за магазинот Elle и повторно стигна во центарот на медиумското внимание.

Фотографијата од крајот на деведесеттите ја направил Фабрицио Фери, а таа ја нарече ретроспектива.
За магазинот Elle, Моника позирала и во 2011 година, а за речиси триесет години малку се променила.

Таа тврди дека не внимава на исхраната и не вежба редовно, а за добриот изглед вели одговорна е самодовербата.